Како правилно да честитате слава: Денеска е св. Никола, задолжително изговорете ги овие зборови пред домаќините каде што ќе одите

Точка

19/12/2025

15:06

1.030

Големина на фонт

а а а

Денес е св. Никола, денот кога многу од Македонците слават. Поради тоа важно е да знаете како и на кој начин се честита правилно.

Што е правилно да прави домаќинот при доаѓањето гости на слава?

Правилото е и домаќинот гостите да ги дочека пред прагот со зборовите: „Добредојдовте“, а гостите треба да му ја честитаат славата на овој начин:

„Честит св. Никола и среќна слава домаќине! Нека Бог дарува здравје и среќа, тебе и на твоето семејство!“.


Домаќинот одговара:

„Ви благодарам и добро ни дојдовте! И вам Бог и свети Никола да ви помогнат долги години да доаѓате и да славиме во здравје и веселба“.

Како што гостите доаѓаат на слава прво треба да ги послужите со славско жито и голтка вино. Прво треба да се прекрстите, да посакате здравје во домот во којшто сте дошле, а кога ќе завршите со тоа гостите треба да седнат.

Ако го почитувате обичајот според кој не се кани на слава, а имате неколку слави каде што треба да се појавите истиот ден, тогаш гостите доаѓаат во периодот помеѓу ручек и вечера за да му честитаат слава на домаќинот, кој ги угостува и ги послужува со жито, пијалак, колачи и кафе. 

Што да однесете на слава? Кои подароци да ги купите?

За слава најчесто се подарува пијалак (вино, ракија), слатки (чоколадо, бонбониера), овошје, кафе, шеќер или нешто за домаќинството како свеќник, чаши, украсни чинии, сет за зачини...


Традиционалните подароци може да вклучат икона, кандило или комплет за славска трпеза додека пак помодерните, цветни аранжмани со пијалак, уникатни рачни изработки или нешто што ќе одговара на стилот на домаќинот.

Сепак, имајте предвид дека најдобриот подарок е оној којшто доаѓа од срце.