Шерки со „проектил“ ја најави победата на Сити, Виса и Мајли донесоа полуфинале за Њукасл во Лига Купот

Дерби

18/12/2025

07:16

281

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити и Њукасл не дозволија изненадувања и му се приклучија на Челси во полуфиналето на англискиот Лига Куп.

Сити и со комбиниран тим рутински се справи со Брентфорд победувајќи го со резултат 2-0 со по еден гол во двете полувремиња.

Летното засилување Шерки со мајсторија во 32 минута стрелаше за 1-0, резултат кој беше активен на семафорот до 67 кога Савињо ја обезбеди победата за фаворитот на „Итихад“.

ТУКА погледнете ги головите.

Њукасл имаше поголеми проблеми со Фулам, ама се избори за славје од 2-1 со кое остана во игра за одбрана на пехарот во ова натпреварување.

Виса во 10 минута го постигна својот прв погодок во дресот на „страчките“, но гостите од Лондон одговорија и дојдоа до 1-1 преку Лукиќ.

Домаќините притискаа и тој нив труд вроди со плод дури во 92 минута кога Мајли со удар со глава донесе ерупција на „Сент Џејмс Парк“.

ТУКА погледнете ги головите.

Последното четвртфинале Арсенал-Кристал Палас е закажано за наредната седмица за 23 декември.