Чаби за страдањето на Реал против третолигашот во Купот: Си одам задоволен

Дерби

18/12/2025

07:58

1.625

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид нема ниту еден лесен натпревар во последно време, а доказ за тоа беше гостувањето кај третолигашот Талавера во Копа дел Реј.

Иако „кралевите“ беа апсолутни фаворити и контролираа добар дел од мечот при резултат 0:2, во финишот се влезе во неизвесна завршница, откако домаќините дојдоа до гол за 2:3, а имаа и голема шанса за израмнување и продолженија.

Голманот Лунин не дозволи такво нешто и спречи голем срам за тимот кој го предводи Чаби Алонсо, а иако за шпанските медиуми вчерашното издание не беше доволно добро од тимот, тренерот вели дека си оди задоволен во ситуација кога целта е остварена.

– Вакви работи знаат да се случат во Купот. Ни се случувало и нас, им се случувало и на други екипи. По водството од 1:3, им дозволивме да дадат гол и да притиснат за 3:3. Имаа шанса за израмнување, но ние претходно го контролиравме мечот и во првиот дел пропуштивме шанси за 0:3.

– Целта е остварена и си одам задоволен, сега на ред е следниот предизвик во Ла Лига. Ни недостасуваше континуитет во текот на 90 минути, но на Куп натпревари секогаш се возможни вакви ситуации, – изјави Чаби.