Аманда Бајнс некогаш важеше за омилена тинејџ-ѕвезда, сè додека не им се предаде на пороците и целосно не се изгуби себеси.
Актерката беше вистинска ѕвезда на почетокот на 2000-те години, но како и многу нејзини колеги кои не успеаја да се изборат со славата, и таа потклекна, по што следуваа години и години борба со зависноста.

Во периодот од 2013 до 2020 година дури имаше и старател, а нејзиниот изглед од ден за ден ја шокираше јавноста, до таа мера што денес е речиси непрепознатлива.
Папараците неодамна ја фотографираа Аманда на улиците на Лос Анџелес, а иако има само 39 години, таа изгледа значително постаро – нема ни трага од убавото лице кое ги красеше малите екрани пред дваесетина години.

Иако повторно помина низ физичка, но и психичка трансформација, па дури и ослабе со помош на Оземпик, актерката и понатаму е далеку од она како изгледаше порано.
За време на прошетката таа носела шарена маица и тесни фармерки, како и екстремно долги нокти кои се чини дека сега се нејзин заштитен знак.


Претходно привлече внимание и со изјавата за Оземпик, кога истакна дека нема намера да престане да го користи.
„Се обидувам уште да ослабам, ќе направам сè само за да се чувствувам слабо и слатко. Ќе продолжам да земам Оземпик“, изјави претходно Бајнс.














