Милан размислува за двајца премиерлигашки напаѓачи пред отворањето на зимскиот преоден рок

Дерби

16/12/2025

13:48

454

Големина на фонт

а а а

Милан ги надмина очекувањата во досегашниот тек на сезоната и се вбројува како тим кој може да се бори за титулата во Серија А, но за таквото сценарио да биде уште поизводливо, јасно е дека на Макс Алегри ќе му бидат потребни уште неколку ресурси во вториот дел од сезоната.

Посебно критична за искусниот стручњак е напаѓачката позиција која не е баш најдобро покриена, а во оваа фаза од месец декември, во клубот веќе на големо се размислува за двајца напаѓачи кои можат да пристигнат во јануарскиот преоден рок.

Во текот на вчерашниот ден се појави инфорамција дека Милан има отворен пат за ангажман на Никлас Филкруг, но денеска „Газета“ тврди дека сериозна опција за директорите на клубот од Милано е и Џошуа Зиркзе.

Претставниците на Милан се уште немаат донесено конечна одлука за двете интересни опции кои ги разгледуваат, а кога е во прашање оваа втората, „росонерите“ се очекува да имаат конкуренција од Рома.

„Волчицата“ извесно време е заинтересирана за Зиркзе и ја следи неговата ситуацијата во Јунајтед, па многу брзо може да видме сценарио во кое двата италијански ривали ќе водат битка за поранешниот напаѓач на Болоња.