Шпанците го објавија сведочењето на Луис Енрике во „случајот Негреира“: Никој не ми покажа судиски извештаи

Дерби

16/12/2025

13:01

133

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике минатата недела беше еден од сведоците кои беа испрашувани во фамозниот и толку познат случај „Негреира“, а угледната програта „Ел Чирингито“ објави дел од одговорите кои ги дал актуелниот тренер на ПСЖ при испрашувањето од судијата.

Шпанскиот стручњак по три години го водеше Б тимот на Барселона и најсилниот тим на каталонскиот гигант, но за време на шестгодишната авантура која ја имаше како стручњак во клубот, вели дека во ниту еден момент не му биле доставени судиски записи кои можат да му помогнат на тимот на одреден натпревар.

Случајот „Негреира“ се води веќе неколку години и според истиот Барселона добивала судиски информации од Енрикез Негреира во замена за 8 милиони евра во период од неколку сезони, па во испрашувањето и во целата истрага се вклучени сите претседатели, тренери и членови од стручни штабови кои биле дел од тимот на каталонскиот гигант.

– Дали сте запознаени со извештаите подготвени од Енрикез Негреира, – гласи прашањето на судијата, на кое Енрике одговара со категорично „НЕ“.

– Дали некој во клубот ве информирал дека тие извештаи ви се достапни, без оглед на тоа дали сте ги користеле или не, – гласи второто прашање кое го поставува обвинителот, а на кое Лучо повторно одговара со категорично „НЕ“.

– Во текот на шесте години додека бев тренер, никој не ми понуди, ниту ми покажа никакви извештаи… Можам да ве уверам во тоа, ниту мене ниту на никого од мојот персонал, – се дообјасни Луис Енрике.