[ФОТО] Заборавената шпанска марка се враќа – со помош на Кинезите

Точка

16/12/2025

07:52

2.819

Големина на фонт

а а а

Производството обновено во Шпанија, пристигнуваат нови пикап модели.

Заборавениот шпански производител на автомобили „Santana Motors“ повторно го стартуваше производството во Шпанија, благодарение на соработката со кинески компании.

Фабриката во Линарес сега склопува нови пикап модели, а во план се и дополнителни возила развиени во партнерство со кинескиот производител „BAIC“.


„Santana Motors“ е основана во педесеттите години од минатиот век, а од 1958 година произведувала модели на „Land Rover“ по лиценца, кои се извезувале низ Европа, Африка и Јужна Америка.

Од осумдесеттите години компанијата започнала развој на сопствени модели, а подоцна соработувала и со „Suzuki“. Поради финансиски проблеми, производството беше згаснато во 2011 година.


Сега брендот се враќа на сцената. Во Линарес се произведуваат пикап моделите „Santana 400D“ и „400 PHEV“, кои технички се базирани на кинескиот модел „Dongfeng/Zhengzhou Nissan Z9“.

Дизел верзијата користи 2,3-литарски мотор со 190 коњски сили (140 kW) и до 500 Nm вртежен момент, со мануелен или автоматски менувач.


Во понудата е и plug-in хибрид, во чија основа се наоѓа 1,5-литарски бензинец, со комбинирана моќност од 429 коњски сили (315 kW) и 800 Nm, додека целосно електричниот домет со батерија од 32 kWh изнесува до 120 километри, а вкупната автономија надминува 1.040 километри.

Моделите се богато опремени, со погон на сите четири тркала, модерни дигитални екрани, напредни безбедносни системи и конкурентни цени.


Дизел верзијата започнува од 29.900 евра, додека plug-in хибридот чини од 44.700 евра.

Покрај тоа, „Santana“ потпиша стратешки договор со компанијата „BAIC“. Возилата на овој кинески производител ќе се склопуваат во Шпанија од полусклопени комплети, а планиран е и развој на нови модели со уникатен дизајн и сопствен идентитет на брендот „Santana“.

Новите теренски и патнички возила се очекуваат во периодот од 2026 до 2028 година.