Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, го претставила својот прв дел од проектот „Bio Pop (The Origini)“. Изложбата го привлече вниманието на јавноста поради необичниот концепт, вклучувајќи „човечки мебел“ и маска со ликот на Бјанка.
Првиот дел од изложбата бил емитуван во живо од Сеул, Јужна Кореја, а Бјанка го надополнила својот настап со смел моден избор.
На настанот таа носела тесен црвен комбинезон од латекс кој ја истакнал нејзината витка фигура, а го комбинирала со чизми. Изгледот многумина ги потсетил на аутфитот на Бритни Спирс од спотот за нејзината песна „Oops!… I Did It Again“.
Изложбата била исполнета со необичен „човечки мебел“ што Бјанка сама го дизајнирала, вклучувајќи маски со нејзиното лице. На социјалните мрежи, Анџелина сестрата на Бјанка, ги покажала деталите на бизарното столче направено од кукла што наликува на Бјанка.
Задниот дел од куклата служи како седиште, подлактниците како потпирачи за раце, а главата како потпирач за глава.
Покрај тоа над столчето висела „Човечка ламба“, а имало и маса што исто така била направена од кукла.

Како што е наведено во соопштението за медиумите, мебелот е замислен како продолжение на телото и дизајнерски објект што ги руши границите помеѓу телото, предметот и идолот. Секое парче ја трансформира удобноста во ограничување, а функционалноста во уметнички израз.

Сепак, изложбата не поминала без технички проблеми. За време на преносот во живо, се случил ненадеен прекин, па наместо планираните 15 минути завршил по 11 минути. Преносот повеќе не е достапен за јавноста.










