Голема утка: Напаѓач на Бетис се посрамоти за сите пари во Загреб

Дерби

12/12/2025

14:29

225

Големина на фонт

а а а

Бетис ја прокнижи четвртата победа во Лига Европа и тоа на гостувањето во Загреб кај Динамо каде славеше со 3-1.

Гостите од Севилја ги решија сите дилеми околу победникот по 38 минути, период во кој поведоа со 3-0 преку Домингез (автогол), Рикелме и Антони.

Овој резултат доста долго остана активен на семафорот и тоа 89 минута кога Галешиќ стрелаше за 3-1. Во судиското продолжение шпанскиот прволигаш имаше идеална шанса да реализира уште еднаш, Ез Абде му сервираше идеална топка на Седрик Бакамбу кој не ја смети топката во празната мрежа, поточно ја погоди само пречката.

Бакамбу е искусен играч, има настапувано за Вилјареал, Олимпик Марсеј, Олимпијакос, Галатасарај…и ова сигурно му е најголемо промашување во кариерата.