Почетокот на новата година ќе им донесе можност на клубовите да бидат активни на трансфер пазарот, а Вилијам Галас има идеално засилување за неговиот поранешен клуб Челси.
Тој мина пет убави години на „Стемфорд Бриџ“, сезони заокружени со две премиерлигашки титули, пехари во Лига Купот и Комјунити Шилд, па како човек на кого овој клуб му значи се обидува да му помогне и тоа со трансфер совет за ангажман на репрезентативецот на Нигерија и фудбалер на Галатасарај, Виктор Осимен.
-Да бидам искрен на Челси во моментов мислам дека им недостасува еден искусен играч, а играч кој може да го однесе навистина на врвот за мене е Виктор Осимен.
-Сакав да го видам како потпишува за Челси. За жал, тоа не се случи. Но да, мојот сон е да го видам како игра за нив, бидејќи со неговиот квалитет, мислам дека може совршено да се прилагоди на Челси, -порача некогашниот француски репрезентативец,






