Најновиот филм на Дикаприо „Една битка по друга“ со најмногу номинации за Златен глобус 2026

Точка

09/12/2025

09:26

630

Големина на фонт

а а а

Номинациите за Златните глобуси за 2026 година денеска беа објавени, а „Една битка по друга“ (One Battle After Another) е на чело во она што се смета за почеток на сезоната на доделување награди во Холивуд.

Црната комедија и политички акционен трилер, продуциран, напишан и режиран од Пол Томас Андерсон, „Една битка по друга“ со Леонардо Дикаприо во главната улога, се најде на врвот на листата на филмски номинации за престижните холивудски награди Златен глобус со девет номинации, норвешката семејна драма „Сентимантална вредност“ (Sentimental Value) има осум, а по неа следува натприродниот хорор „Грешници“ (Sinners) со седум и „Хамнет“ (Hamnet) со шест.


Филмот на Пол Томас Андерсон освои девет номинации, вклучувајќи ја и категоријата за најдобар филм – мјузикл или комедија.

Меѓу номинираните во категоријата најдобар актер се, покрај Леонардо Дикаприо, Двејн Џонсон за „The Smashing Machine: Life in the Ring“ и Џеси Бакли за „Хамнет“.

Мистериозната серија „Белиот лотос“ (The White Lotusна) на Ејџ-би-о води во ТВ-категориите со шест номинации за престижната награда, пред серијата на Нетфликс „Адолесценција“ (Adolescence), за 13-годишно дете обвинето за убиство.

На телевизиската страна, „Белиот лотос“ е на чело со шест номинации, по кој следува „Адолесценција“ со пет и „Само убиства во зградата“ и „Одвојување“ со по четири.


Златните глобуси веќе објавија двајца победници во категориите за животно дело: Хелен Мирен ќе ја добие наградата „Сесил Б. ДеМил“ за 2026 година за нејзиниот извонреден придонес во индустријата за забава. А Сара Џесика Паркер ќе ја добие наградата „Керол Барнет“ за нејзиното влијание врз телевизијата.

Аријана Гранде и Синтија Ериво се номинирани за женските улоги во „Злобница: Засекогаш“ (Wicked: For Good), иако вториот дел од приквелот на „Волшебникот од Оз“ на „Јуниверзал пикчрс“ не се пласираше во категориите мјузикл или комедија.

83-тото годишно доделување на Златните глобуси ќе се емитува на „Си-би-ес“ и ќе се емитува на „Парамаунт+“ во недела, 11 јануари, во 20 часот по источно време.

Комичарката Ники Глејзер, која ја водеше емисијата минатата година, ќе се врати како водителка.