[ФОТО] Славната актерка за прв пат со синот на црвениот килим: Блеснаа на премиерата на филмот во Лос Анџелес

Точка

09/12/2025

20:52

536

Големина на фонт

а а а

Актерката Гвинет Палтроу се појавила вчера во Лос Анџелес на премиерата на филмот „Marty Supreme“, а посебно внимание привлече фактот што на настанот била придружувана од нејзиниот 19-годишен син Мозес Мартин и сопругот Бред Фалчук.

За таа пригода, Гвинет решила да се појави во елегантен црн фустан без ракави со длабок шлиц, модел од нејзината модна линија „Gwyn“. Стајлингот го надополнила со чевли „Andrea Waze“, додека косата ѝ беше собрана во софистицирана пунџа истакнувајќи го „Картие“ накитот.


Мозес носел кафеави сомотни панталони и џемпер во истите тонови, украсен со темно сини ракави, а за време на позирањето пред фотографите ја прегрнал мајка му. Ќерката Епл Мартин не се појавила на настанот, но Гвинет имала поддршка од сопругот Бред Фалчак.


Како што истакнала во едно претходно интервју, поминувањето време со децата е особено важно за неа сега откако двајцата го напуштиле семејниот дом.


„Навистина уживам во оваа фаза од мојот живот. Обожавам да бидам со моите возрасни деца – тие се забавни, духовити и прекрасно е да се биде во нивно друштво“, изјавила Гвинет за „E! News“.


Но додала дека не ѝ е лесно што веќе не се под нејзин покрив: „Ми недостигаат, но исто така е прекрасно да ги гледам како стануваат неверојатни возрасни луѓе“, истакнала актерката.