Сонот на Закерберг се руши

Точка

09/12/2025

14:44

1.596

Големина на фонт

а а а

„Meta“ планира драстично намалување на средствата за метаверзумот, со пренасочување кон "AI" и паметни очила.

Американската технолошка компанија „Meta“ размислува да го намали буџетот наменет за развој на метаверзумот и виртуелната реалност за дури 30 проценти, во рамки на планирањето на буџетот за 2026 година.

Ова значително кратење може да има директно влијание врз нејзиниот огранок задолжен за VR/AR технологиите — „Reality Labs“, кој развива VR-уреди како серијата „Quest“ и виртуелни платформи како „Horizon Worlds“.


Како што се наведува, причината за ваквата одлука е слабата реакција на пазарот — метаверзумот и сродните производи не ја постигнаа очекуваната популарност, додека загубите на „Reality Labs“ од 2020 година достигнуваат десетици милијарди долари.

Наместо тоа, „Meta“ ги пренасочува инвестициите кон развој на вештачка интелигенција, вклучувајќи "AI" очила и носливи уреди, за кои компанијата смета дека имаат поголем пазарен потенцијал во блиска иднина.


Реакцијата на пазарот беше речиси моментална — акциите на компанијата пораснаа за повеќе од четири проценти по објавувањето на планот за намалување на буџетот, што укажува дека инвеститорите го гледаат овој чекор како позитивно рационализирање на трошоците.