[ФОТО] Шик начин како да носите кафеав капут зимава – Ема Стоун како инспирација

Точка

06/12/2025

12:00

309

Големина на фонт

а а а

Ема Стоун покажала како кафеавиот капут зимава треба да го носите со стил – од широки панталони и црни чевли до впечатливи детали како сина капа и црвен маникир.

Доколку едно парче облека треба да го сместиме во групата „must-have“ во гардероберот сезонава, тогаш тоа е кафеавиот капут. И вообичаено го носиме во класични зимски комбинации со масивни џемпери и дуксери со качулка.

Но, овојпат се појавил еден нов стајлинг, а во него прошетала актерката Ема Стоун.


Актерката, во манирот на опуштената елеганција, прошетала со сина бејзбол капа, обична бела маичка под црниот џемпер со В-изрез и црни, широки панталони.

За обувки избрала пар црни, кожни рамни чевли кои одлично се вклопиле со чантата на преклоп во иста боја. Целокупниот стајлинг го надополнила со впечатлив црвен маникир којшто го надоградил нејзиниот изглед.

Стоун има способност во облеката која ја носи да внесе современост и елеганција истовремено. Иако делува едноставно, оваа комбинација е софистицирана и совршена за секоја прилика во текот на зимата.