Неверојатната двоцифрена поентерска серија на Леброн Џејмс заврши утринава на дуелот со Торонто, на кој ветеранот реши да асистира наместо да шутира, а Хачимура донесе победа за Лос Анџелес Лејкерс во последната секунда.
Џејмс го заврши натпреварот со 8 поени, со што заврши страшната серија од 1297 натпревари по ред на кои постигнал најмалку 10 поени.
Серијата започна на 6. јуни, 2007 година, а оттогаш стартуваше и креирањето на апсолутниот НБА рекорд во овој сегмент. Мајкл Џордан во својата кариера врза 866 вакви натпревари, додека Карим Абдул-Џабар застанал на 787 натпревари со двоцифрен ефект.
🚨 RUI AT THE BUZZER 🚨 pic.twitter.com/4RYofZeYqH
— Los Angeles Lakers (@Lakers) December 5, 2025
Лука Дончиќ го пропушти натпреварот против Торонто, додека најефикасен бил Ривс со дури 44 поени, на кои додаде и 10 асистенции и 5 скокови.







