Англиската фудбалска репрезентација денеска ја очекува ждрепката за СП 2026 од првиот шешир, а во пресрет на истата, селекторот Томас Тухел зборувал со новинарите на различни теми.
Една од нив била евентуалното останување на резервните фудбалери во соблекувална, со што би се заштитиле од високите температури кои се очекуваат на мундијалот во САД, Канада и Мексико.
– Ако тоа е нешто што ќе им помогне на фудбалерите кога ќе треба да влезат во игра, тогаш треба да размислуваме и на таа тема.
– Никој не сака такво сценарио бидејќи сакам резервите да бидат на клупа и да ја добиеме вообичаената енергија од нив.
– Но, видовме дека ваквиот пристап беше употребен на Светското клупско првенство, иако искрено јас би сакал да можеме да го избегнеме, – рекол Тухел.
– Она што е сигурно е дека високите температури ќе го намалат интензитетот на натпреварите. Ќе мора да се адаптираме, не можете да играте ист фудбал на 45 и на 21 степен. Подготвени сме да ги прифатиме сите тешкотии поврзани со температурите, долгите патувања и можните прекини поради грмотевици, – истакнал англискиот селектор.







