Манчестер Јунајтед не успеа да ја задржи предноста против Вест Хем и мораше да се задоволи со само еден бод од дуелот со екипата која сезонава е во долниот дел од табелата на Премиер лигата.
Фановите очекувано повторно се разочараа од изданието на своите миленици, разочаран бил и менаџерот Рубен Аморим, а првата анализа на поранешниот капитен Рој Кин би требало да го сумира она што го чувствуваат навивачите.
– Најточниот збор кој може да го употребите за овој тим по ваков натпревар е фрустрација.
– Не би верувал во овој тим, имаат повеќе голови во своите нозе, но во средниот ред и одбраната има многу прашалници и нејаснотии.
– Во еден момент помислувате дека добро ја вршат работата и ќе стигнат и до петтото место на табелата. Но, не ја довршуваат својата работа, како да се исплашени да ја завршат, – рекол Кин.
Јунајтед во моментов има 22 бодови, исто колку што има и шампионот Ливерпул, а и двете екипи заостануваат два бода зад четвртопласираниот Челси.







