Венгер го брани новиот формат на СП: Никој не доаѓа на мундијал со покана

Дерби

05/12/2025

10:57

135

Големина на фонт

а а а

Денешната ждрепка за групите на Светското фудбалско првенство го актуелизираше и прашањето за новиот формат, односно фактот што мундијалот во 2026 година ќе биде прв со 48 учесници.

Арсен Венгер кој извршува функција во ФИФА застанал зад одлуката на Светската фудбалска федерација и зголемувањето на бројот на учесници од 32 на 48.

– Мислам дека форматот со 48 учесници е најкоректен, иако тоа значи дека само 25 проценти од членките на ФИФА ќе бидат дел од СП. Само една од четири репрезентации ќе учествува, или 75 проценти од членките на ФИФА ќе немаат таква привилегија.

– Јас сум оптимист, бидејќи секоја репрезентација која ќе се квалификува мора да биде подобра од ривалите во својата конфедереција, а тоа е потврда за квалитет.

– Никој не доаѓа на СП со покана, туку се изборил за местото со победи и добри резултати, истото важи и за плејофите кои треба да се одиграат.

– Ги имавме истите прашања и за СП во У-17 конкуренција (првпат се одржа со 48 учесници), но бевме позитивно изненадени од прикажаниот квалитет, – рекол Венгер.