Марсело со легендарна изјава за најтешкиот ривал во кариерата: Сè уште го барам и ден денеска…

Дерби

05/12/2025

10:54

198

Големина на фонт

а а а

Марсело во неколку наврати го има посочено Лионел Меси како најтежок ривал во својата играчка кариера, но секогаш кога дели комплименти за Аргентинецот, легендарниот лев бек на Реал Мадрид не пропушта да го спомени и својот долгогодишен соиграч.

Бразилецот ги стави Меси и Роналдо на исто скалило и секогаш ги става над сите други со кои се сретнал на теренот, а сега во последното интервју кое го направи за угледната „Марка“, открива дека често ги советува своите синови да гледаат видеа од фудбалерите кои одбележаа една ера, но и кои се уште се активни и во доцни фудбалски години.

– Дали беше тешко да се чува Меси? Тешко е мал збор, сè уште го барам и ден денеска…

– Тој е предобар ривал, но и предобар за фудбалот генерално. Секогаш зборувам со моите синови и им зборувам за најдобрите играчи, особено тоа го правам сега со најмалиот син. На социјалните мрежи се појавуваат многу видеа, тој веќе знае многу легендарни играчи од минатото, но често се задржува на Меси и Роналдо.

– Понекогаш ме прашува колку ми било тешко….. Му велам само да ги прегледа видеата и да види колку беше тешко да се чува Меси. Без оглед на сè, јас бев доволно среќен да бидам дел од таа фудбалска ера, можев да играм против Меси, а го имав Роналдо крај себе. Тоа што го имав Меси за мој ривал секогаш ми буди добри спомени без оглед на потешкотиите, – открива Марсело.