Српската тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер наскоро и официјално ќе станат поранешни сопружници, а како што пренесуваат германските медиуми, двајцата сакаат нивниот развод да помине што потивко и побрзо.
Извор за германскиот „Bild“ изјавил дека двајцата побарале забрзана постапка, и тоа за да не се сретнат во судницата.
„Точно е дека Ана пред неколку дена поднесе барање за развод на Општинскиот суд во Минхен, и тоа во одделението за семејни спорови. И таа и Бастијан им порачале на своите адвокати дека не сакаат да се видат на судењето на кое и официјално ќе бидат разведени“, рекол изворот. Ана и Бастијан ги замолиле своите адвокати да се потрудат бракоразводната постапка да биде завршена што побрзо, тврди изворот.

„Бастијан не правел проблеми околу имотот, а на Палма де Мајорка, каде што Ана живее со нивните синови, поднесе тужба за издржување на децата. За Ивановиќ ова беше многу мачен период и сака сето тоа да го остави зад себе и да продолжи понатаму. Во последно време често патува низ светот, а многу време поминува и во својот роден Белград, каде излегува со пријателите. Сите тие ѝ беа голема поддршка во претходниот тежок период. За разлика од неа, Бастијан воопшто не се вознемири околу сето ова, ужива со новата партнерка и избегнува да ја сретне Ана по секоја цена“, додал изворот.

Ана Ивановиќ и Швајнштајгер се запознале во 2014 година, а се венчаа во Венеција во 2016 година. Заедно добија три деца. Иако важеа за еден од најскладните спортски парови, нивната љубов сепак заврши.
Во јуни се појавија првите гласини дека Бастијан има нова девојка, а германските медиуми објавија дека нивната афера трае од летото 2024 година. Подоцна беше откриено дека станува збор за Бугарката Силва Капитанова, со која беше снимен за време на одмор во Грција.








