[ФОТО] Висок, згоден, талентиран – нејзина гордост: Кејт Винслет со синот на црвениот килим на премиерата на нивниот заеднички филм

Точка

04/12/2025

21:19

604

Големина на фонт

а а а

Кејт Винслет со децении е една од најпочитуваните актерки на својата генерација, а сега се обиде и како режисерка.

Нејзиното режисерско деби „Goodbye June“ е создадено во соработка со нејзиниот син Џо Андерс, кој го потпишува сценариото, а Кејт игра и една од главните улоги.

Актерката го претставила филмот на премиерата во Лондон, а по црвениот килим се прошетала во друштво на својот омилен соработник на овој проект, нејзиниот 21-годишен син Џо.


Како и секогаш Кејт изгледала божествено, а овој пат во црн фустан од Ели Сааб, додека Џо Андерс носел класичен црн костум и бела кошула.

Мајката и синот гордо позирале за фотографите, а Кејт неодамна открила во шоуто на Џими Кимел дека кога нејзиниот син го завршил сценариото и решил да побара режисер, не можела да одолее на можноста да биде таа што ќе ја оживее приказната на Џо.


Како Кејт Винслет станала режисерка

„Кога сценариото беше готово, сакав да бидам продуцентка. Сакав да го играм ликот на Џулија и знаев дека сме во фаза на барање режисер. И, одеднаш, не можев да го пуштам. Му реков: „Слушај, би сакала да го режирам затоа што, кога ќе му го дадеш на режисерот, ќе стане негов. Тоа всушност требаше да се случи, но јас не го посакував тоа за него“, објаснила актерката.


„Сакав тој да остане дел од сè. Сакав да доживее како ова прекрасно нешто што го создал оживува. Тој е многу, многу мудар кога станува збор за филмот и фактот што беше со мене секој ден беше едноставно фантастичен“, додала Кејт.


„Goodbye June“ е божиќен филм за четири браќа и сестри чии животи се менуваат кога здравјето на нивната мајка се влошува за време на празниците. Главните улоги ги толкуваат Хелен Мирен, Тони Колет, Тимоти Спал, како и Џони Флин, Андреа Рајзборо и Кејт Винслет.

Кејт Винслет е мајка на три деца

Винслет го роди Џо во декември 2003 година, па тој ќе го прослави својот 22-ри роденден за неколку дена, а се родил за време на бракот на Кејт со режисерот Сем Мендез.


Од претходниот брак со режисерот Џим Триплтон, актерката ја има и три години постарата ќерка, Миа, а со бизнисменот Едвард Абел Смит, со кого е во брак од 2012 година има син, Бер.