Македонската инфлуенсерка Ева Јовановска - Евче, повторно успеа да ги освои социјалните мрежи, овојпат со серија фотографии од своето декемвриско патување на Тајланд.
Додека кај нас владее зимска атмосфера, Евче позира на плажа со бел песок и тиркизно море, среде летна идила.
На фотографиите таа позира во костим за капење на спектакуларна плажа опкружена со високи варовнички карпи - типичен пејзаж за островите Пи Пи, една од најпознатите тајландски дестинации. Синото море, силните тропски бои и живописната природа создаваат вистинско „рајско“ чувство.
Во описот на објавата, Евче напиша: „Изгледа Тајланд добро ми стои, нели?“.
Многумина ја нарекоа „летна муза“, други ја прашаа за препораки за патување, а имаше и коментари дека со овие кадри ни внесува сонце среде зима.
Во другите кадри од нејзината галерија се гледаат и традиционалните „long-tail“ чамци - симбол на регионот, како и густата џунгла што ги обвиткува стрмните карпи. Сето тоа ја потврдува магијата поради која Пи Пи е едно од најпосетените места на Тајланд.
Со ова патување Евче уште еднаш покажа дека знае како да го спои патувањето, естетиката и инфлуенсерскиот дух во визуелна приказна што привлекува внимание.
Автор: Ц.Н.






