Денес ќе наполнеше 29 години: Ливерпул се сети на прерано починатиот Диого Жота

Точка

04/12/2025

12:21

257

Големина на фонт

а а а

„Денес, како и секој ден, се присетуваме на Диого Жота …“ стои во објавата со која Ливерпул му оддаде почит на играчот што повеќе од 100 пати настапи за клубот.

Англискиот шампион Ливерпул со својата објава ги трогна навивачите. Денес, на денот кога требаше да го прослави својот 29. роденден, клубот му посвети емоционална порака на Диого Жота, кој трагично загина ова лето во сообраќајна несреќа.

„Денес, како и секој ден, се присетуваме на Диого Жота на неговиот 29. роденден, кој денес ќе го славеше. Сета наша љубов, мисли и молитви остануваат со неговата сопруга Руте, неговите деца, родителите и целото негово семејство и пријатели, како и со семејството на неговиот брат, Андре. Засекогаш во нашите срца, засекогаш нашата бројка 20“, стои во објавата на Ливерпул .


Заедно со Жота загина и неговиот брат Андре Силва, а трагедијата се случи бидејќи Жота не смеел да лета поради операција. По неговата смрт, полициската истрага првично утврди дека возел пребрзо, но еден сведок ја отфрли таа верзија:

„Ги видов кога ме претекнуваа — возеа мирно и смирено. Секој ден поминувам по таа улица, ја знам добро. Тие не возеа брзо, ниту ризично. Тоа беше едноставно страшно и трагично.“

Жота е роден во Порто во 1996 година. Во „Liverpool“ пристигна во 2020 година од Волверхемптон за 41 милион евра и веднаш се наметна како клучен играч под раководство на Јирген Клоп. За клубот одигра повеќе од 100 натпревари и постигна 47 голови во Премиер лигата. Настапуваше и за португалската репрезентација, со 49 настапи и 14 голови, учествувајќи на две Европски првенства и во освојувањето на Лигата на нации. По освојувањето на Лигата на нации, и само десет дена пред смртта, Жота се ожени со долгогодишната партнерка Руте, со која има три деца.

По неговата смрт, Ливерпул ја повлече неговата дрес-бројка 20 — чест што во светот на фудбалот многу ретки ја добиваат.