Фотографијата од маскираниот Салах на клупа е хит, агонијата би можела да трае уште најмалку три натпревари

Точка

04/12/2025

09:42

860

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах повторно остана без место во почетниот состав на Ливерпул. Менаџерот Арне Слот ја изостави египетската ѕвезда од стартната постава во натпреварот против Сандерленд што е веќе втор последователен меч во Премиер лигата во кој Салах започнува од клупата.

Многумина го толкуваат тоа како знак дека неговиот статус во деветтата сезона на Енфилд почнал да слабее, а фотографијата од камуфлираниот Салах на клупата за време на мечот против Сандерленд стана хит на социјалните мрежи.

🚨🚨😬 MO SALAH ON THE BENCH. 🥷🏼

Posted by Fabrizio Romano on Wednesday, December 3, 2025

Салах влезе во игра дури на полувремето и не успеа да постигне гол во ремито 1:1 на Енфилд. Во претходниот дуел, победата од 2:0 против Вест Хем остана без минутажа, што беше првпат да не стартува во првенствен меч откако Слот ја презеде екипата во 2024 година и ја освои титулата, најмногу благодарение на 29-те гола на Салах таа сезона.

Слот потврди дека Салах не бил среќен поради изоставањето против Вест Хем, но истакна дека се однесувал професионално.

Сепак, тоа не беше доволно за да се врати во првите 11 три дена подоцна. Холандскиот стратег се одлучи за Доминик Собослај на десното крило, пред сè поради неговиот придонес во дефанзивата.

„Во првото полувреме игравме со Собослај десно за да бидеме дефанзивно поцврсти и да не примаме толку голови како во последните недели“, рече Слот.


Ливерпул до заминувањето на Салах на Африканскиот куп на нации (АКН) го очекуваат уште три натпревари — два во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите, што би можело да биде олеснителна околност за двете страни и можност Салах да ја врати вистинската форма во дресот на репрезентацијата.

Слот не сакаше да открие дали Салах ќе започне во следниот натпревар против Лидс во сабота.

„Сè уште не сум размислувал за тоа како ќе играме против Лидс“, додаде тој. „Имам идеја кој ќе почне, но тоа нема да го кажам“, изјави Слот.

Салах оваа сезона има постигнато четири гола во Премиер лигата.