Реал скапо ја плати победата во Билбао

Макфакс

04/12/2025

09:31

444

Големина на фонт

а а а

Во 19-то коло од шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа од 3:0 на гостински терен против Атлетик во Билбао. Килијан Мбапе ги предводеше „Кралевите“ до победа со два, а Едуардо Камавинга додаде еден со асистенција на Мбапе. По овој резултат, Реал се доближи на еден бод од лидерот Барселона, додека Атлетик е осмиот тим во Ла Лига со 20 бода.

Победата во Билбао е со горчлив вкус, бидејќи мечот не го завршија двајцата најдобри, покрај Мбапе.

Англискиот дефанзивец Трент Александер-Арнолд мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Токму кога го одигра најдобриот натпревари во дресот на Реал. Доживеа повреда на бутниот мускул на левата нога, а првите прогнози не се оптимистички, пишува шпанскиот весник „Марка“.

Арнолд ќе биде подложен на детални прегледи за да се утврди точниот степен на повредата, но вестите што доаѓаат од клубот не влеваат надеж.

„И двата случаи се загрижувачки“, соопшти Реал, осврнувајќи се на состојбата на Трент и повредениот соиграч Едуардо Камавинга. Тој исто така пред време го заврши натпреварот, само 14 минути откако Англичанецот излезе од игра во 55-та минута.