[ВИДЕО] Бизарна сцена во Белата куќа: Американската министеркa му се заблагодари на Трамп што ги „избркал“ ураганите, „Х“ преплавен со шеги

Точка

03/12/2025

11:42

205

Големина на фонт

а а а

Во Белата куќа вчера, пред ТВ-камерите, се одржа состанок на министрите во владата на САД со кој претседаваше Доналд Трамп. Највпечатливиот, односно најбизарниот момент се случи кога зборуваше министерката за домашна безбедност, Кристи Ноем.

Поранешната гувернерка на Јужна Дакота, за време на средбата со Трамп и останатите министри, му се заблагодари на американскиот претседател за тоа што — ги избркал ураганите.

„Го преживеавте периодот од годината кога има многу урагани, а немаше ниту еден. Вие ги избркавте ураганите и го цениме тоа“, рече Ноем.

Периодот од годината помеѓу 1 јуни и 30 ноември во Северна Америка е познат како „период на атлантските урагани“ (Atlantic hurricane season), а во 2026 година, за првпат од 2015 наваму, во тој период не беше забележан ниту еден ураган.

Сепак, ураганот Мелиса во истиот временски период ги погоди Карибите и делови од Централна Америка, при што загинаа 106 лица.

Овој бизарен говор на Ноем предизвика бројни шеги и саркастични коментари на социјалните мрежи, а корисниците на „X“ го споредија моментот со Северна Кореја, велејќи дека министерката настапила како пропагандна водителка на државна телевизија на оваа држава.

„Ова не е кабинет, ова е култ“, „Тоа е затоа што ја заменија апликацијата за време на Бајден со апликацијата за време на Трамп. Сега има само сонце и виножита“, „Ова е скеч на SNL, така?“, „Дури и нивните шеги не се вистински шеги“, се дел од коментарите на „Х“.