Резултатите од истражувањето се потврда дека брендот успева да остане доминантен во динамичен пазар, задржувајќи ја довербата на генерации потрошувачи и градејќи конзистентно силна позиција во категоријата здрава храна.
Македонскиот бренд „Виталиа“ и годинава го задржува лидерското место како најпрепознатлив бренд во категоријата здрава храна, според истражувањето Најпознати брендови за широка потрошувачка 2025 на Insider ID. Анкетата, спроведена меѓу повеќе од 1.200 испитаници, покажува дека брендот и понатаму ужива највисока свесност и доверба кај потрошувачите.

Овој резултат доаѓа во период кога „Виталиа“ бележи засилен развоен циклус. Компанијата неодамна ја прошири понудата со новите вегански напитоци во прав од овес и ориз, кои брзо го најдоа своето место на пазарот. Во тек е и финалната подготовка за лансирање на нов протеински бар со ф’стак, производ кој веќе предизвикува интерес со премиум нутритивниот состав и трендовската насока кон функционални, високо-протеински ужини.

Дополнително, брендот активно ја гради присутноста на својата нова детска линија Happy Little Adventures, која годинава стана еден од централните сегменти во стратегијата на компанијата. Линијата е наменета за модерни родители кои бараат здрави, забавни и нутритивно балансирани опции за најмладите.
Стручната јавност во земјата го посочува брендот како пример за долгорочен развој заснован на иновација, квалитет и јасна нутритивна ориентација. Во последните години „Виталиа“ значително инвестира и во одржливи технологии, модернизација на производните процеси и проширување на понудата со производи што ги следат глобалните трендови во здравата исхрана.
Резултатите од истражувањето се потврда дека брендот успева да остане доминантен во динамичен пазар, задржувајќи ја довербата на генерации потрошувачи и градејќи конзистентно силна позиција во категоријата здрава храна.
Комерцијален текст











