[ВИДЕО] Години без ревизија, документи кои се криеле во фиоки и пари кои завршувале во џебови: „КОД“ открива пропусти во работењето на Бирото за метрологија

Точка

01/12/2025

16:45

716

Големина на фонт

а а а

Во најновото издание на „КОД“ се откриваат сериозни неправилности во работењето на Бирото за метрологија – институција задолжена за проверка и верификација на инструменти како мерила, ваги, броила и пумпи. Иако постои со децении, оваа државна институција досега никогаш не била предмет на целосна ревизија.

Според сознанијата до кои дојде „КОД“, со години се случувало документацијата за верификација на мерни инструменти на приватни компании да не биде заведувана во службената архива. Ова го потврдува и актуелниот директор на Бирото, Седад Рушани, кој тврди дека имало случаи контролорите да ги кријат предметите во свои фиоки – наместо тие да бидат службено евидентирани.

[Седад Рушани, директор на Бирото за метрологија]

Соговорници на „КОД“ тврдат дека ваквата пракса не е целосно искоренета. Иако новиот директор уверува дека тој модус операнди е сопрен и дека сите предмети се чуваат централизирано за да не дојде до криење на документи. Со ваквото криење, парите кои требало да ги добие државата завршуваат во туѓи приватни џебови и како мито. Истражувањето било поттикнато од кривична пријава против компанија и вработен во Бирото поради погрешна верификација на резервоар за нафтени деривати.

[Документи кои никогаш не биле заверени во архивата на Бирото]

Екипата на „КОД“ при посетата го забележа и комбето со подвижната лабораторија – скапа опрема вредна над еден милион евра. Наместо да се користи на терен, комбето сега стои паркирано, а лабораторијата се користи како статична во просториите на Бирото.

[Комбето на Бирото за метрологија, паркирано во подзмениот паркинг во зградата на Бирото]

Јавните набавки – хронична слабост на системот

И најновиот извештај на Европската комисија повторно укажува на старите проблеми во системот за јавни набавки, кои, според експертите, се провлекуваат со години. И покрај законските измени, злоупотребите продолжуваат, а ризиците остануваат високи.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации  зборува за тоа кои се најголемите ризици и во која област најмногу се злоупотребени јавните набавки.

Во продолжение, погледнете ја целата емисија: