Пејачката Тамара Тодевска беше гостинка во поткастот „Урок“ на Сергеј Варошлија којшто се емитува на каналот на јутјуберот Стефан Лазаров.
Освен за модата, Тамара и Сергеј во поткастот разговараа и за приватни теми поврзани со нејзиниот живот.
Гледајќи фотографии од минатот Тамара за една од прикажаните вели дека е направена во комшиска куќа во Драчево кај татко ѝ Велко, а на прашањето дали разделбата на нејзините родители ѝ влијаела, Тамара одговара:
„Па, како да не ми влијае разделба на родители. Јас бев многу мала, во тој период пред 30-на години имав околу 8-9 години кога моите се разделија.
Тогаш не се зборуваше отворено за разводи, разделби, беше табу-тема. На почетоците се срамев да го кажам тоа, се плашев да не се дознае. Не ми беше пријатно, како што не е пријатно за ниедно дете. Зависи каков е разводот и дали е трауматичен за децата.
Јас не сум имала трауматични сцени во детството. Најтрауматично ми било што татко ми престанал да спие со мене, да го гледам навечер. Преку ден беше професор на академија. Јас во таа зграда одам од три години, буквално секој ден го гледав.
Нижо музичко, средно музичко, па од другата страна на академијата, бев константно со него, ми фалеше само што не е како фигура дома.
Побунтовно реагирав јас. Тијана беше возрасна, имаше 18 години и е 10 години постара од мене. Во моментот кога јас се раѓам, Тијана пораснува, станува голем човек затоа што почнува да се грижи за мене“.







