Виктор Орбан, премиерот на Унгарија е еден од светските политичари кој честопати привлекува внимание, но и еден од ретките кој предзвикува восхит кај Доналд Трамп.
Иако многупати знаел да биде контроверзен, тој сепак со години се одржува на власт, а на функцијата претседател на Влада е уште од 2010 година, додека претходно бил унгарски премиер и од 1998 до 2002 година.
Во текот на целиот тој период, тој ја имал поддршката од сопругата Анико Леваи, со која е во брак од 1986 година, а таа честопати го придружува на јавни настани.

Анико Леваи е родена во Солнокас во 1963 година, каде што завршила гимназија „Ференц Версеги“, а потоа образованието го продолжила на Правниот факултет при универзитетот „Етвеш Лоранд“ во Будимпешта.
Токму во унгарската престолнина, во своите дваесетти години, го запознала и засакала Виктор, а се венчале во 1986 година, додека црковната венчавка ја организирале во 1996 година.

Во бракот добиле пет деца, а нивната најстара ќерка Рахел, која и самата била високо пласирана на листата на најмоќни жени е омажена за контроверзниот богаташ Тибор Иштван. Покрај Рахел парот го има и синот Гаспар, кој професионално се занимавал со фудбал и е основач на религиозната заедница „Фехлаз“, а исто така имаат уште три ќерки: Сара, Роза и Флора. Покрај тоа тие имаат и три внуки.
Анико се обидела да се занимава со политика
Анико исто така млада влегла во политиката, а на парламентарните избори во Унгарија во 1990 година, таа била на листата на партијата „Фидес“, но не постигнала значаен резултат.

Таа е дел од уредништвото на гастрономското списание „Унгарска кујна“, а авторка е на книгата за готвење „Кујнски прозорец“ објавена во 2007 година. Денес е најпозната по нејзината хуманитарна работа.


Иако изгледа како да не е толку присутна во јавноста како останатите сопруги на познати европски политичари, списанието „Форбс“ од 2015 до 2018 година секоја година ја прогласувало Анико за највлијателна жена во Унгарија, додека во 2018 година била 18-та највлијателна личност во земјата.







