Џерард посебно издвои за критики еден играч на Ливерпул: Одигра криминално!

Дерби

27/11/2025

09:37

377

Големина на фонт

а а а

Стивен Џерард имаше шанса да го коментира натпреварот на Ливерпул како стручен аналитичар за „ТНТ Спортс“, а за време на новото хорор издание кое го имаше тимот на Арне Слот, легендата на „црвените“ мораше да гледа како неговиот омилен тим губи од ПСВ со резултат 1:4.

Стиви Џи му даде поддршка на Арне Слот и посочи дека е премногу рано да се зборува за отказ, но сепак признава дека Холанѓанецот брзо ќе мора да најде решенија бидејќи тренерската работа е една од најнемилосрдните во светот.

Ливерпул е во ужасна серија и го претрпе деветтиот пораз на последните 12 натпревари во сите натпреварувања, па иако комплетното издание на тимот беше прилично ужасно, Џерад посебно го издвои за критики левиот бек на тимот, Милош Керкез.

Летното засилување повторно потфрли во одбрана и кумуваше за голот за 1:2 кој го постигна ПСВ, погодокот кој според Џерард бил клучен на оваа средба.

– Не е важно кој ви е противник и дали станува збор за калибар на играч како Салах, или некој друг. Едноставно не смеете да дозволите да бидете во толку лоша позиција како дефанзивец. Не е само таа ситуација, Керкез беше надвор од позиција во најголем дел од мечот. Одигра криминално…… Неверојатно е да бидете на таа страна во акцијата кога имате напаѓач до вас, мора да биде поблиску до страната од која напаѓа противникот, – изјави Џерард.