Мареска откри каква порака имал за своите играчи по убедливото издание против Барселона

Дерби

26/11/2025

13:52

346

Големина на фонт

а а а

Енцо Мареска тактички ја простудирал Барселона до најситен детаљ и тоа добро можеше да се забележи на вчерашниот натпревар на „Стемфорд Бриџ“, дуел на кој неговите избраници до соврешенство ја спроведоа идејата на менаџерот.

Со агресивниот пристап и високиот пресинг на противничката половина, Челси не и даде никаква шанса на Барселона и оствари и повеќе од заслужена победа со резултат 3:0, настап кој делува исклучително охрабрувачки пред новото дерби кое следи, она за време на претстојниот викенд.

„Лондонските сини“ во недела ќе играат градско дерби против Арсенал, тимот кој заедно со Баерн Минхен важи за еден од двата најдобри во Европа во моментов според актуелната форма.

За да имаат што повеќе енергија на тој дуел, Мареска реши да ги награди своите фудбалери со два слободни дена, а таа порака им ја соопштил веднаш по крајот на мечот со каталонскиот великан.

– По натпреварот им порачав на играчите целосно да се исклучат во наредните 48 часа. Мислам дека заслужија одмор, но тоа го правам за да добијат заслужен одмор. Мора да одморат и да се вратат со иста енергија.

– Во недела не чека натпревар со Арсенал, па затоа по победата мојата порака беше јасна: Да имаат добро опоравување и да ја вратат енергијата која ја прикажаа против Барселона. Енергијата ќе биде многу важен адут во дербито со Арсенал. Следат два слободни дена, а во петок ќе почнеме да мислиме и да се подготвуваме за Арсенал. Се наоѓаме во добар моментум и би било убаво да го продолжиме и на дербито, – изјави Мареска.