Најсилната жена на светот е маж?! Нов светски скандал – транс-личност, 35 кг потешка од останатите, го освои златото

Точка

25/11/2025

23:02

331

Големина на фонт

а а а

Американската натпреварувачка Џејми Букер, за која дел од ривалките тврдат дека е „биолошки маж“, го освои златниот медал на финалето на "World’s Strongest Woman 2025" во Арлингтон, Тексас, што предизвика бес и хаос меѓу спортистките и тренерите.

Букер ја победи Британката Андреа Томпсон, која веднаш по прогласувањето го напушти подиумот. Во тој момент, на сите им изгледаше како да порачува: „Ова е глупост“, додека Американката славеше. Подоцна, Британката беше прогласена од својот тренер и од дел од колешките за „вистинската World’s Strongest Woman“.

Ребека Робертс, трикратна шампионка, тврди дека никој – па ни организаторите – не знаеле ништо за минатото на Џејми Букер. Деталите за натпреварувачката се нејасни, но во едно видео на "YouTube" од 2017 година – објавено на канал што наводно ѝ припаѓа – таа се опишува како „21-годишна транс-жена со историја на злоставување“.


Оваа победа предизвика силни реакции, а Робертс на "Instagram" објави фотографија со порака „заштитете го женскиот спорт“. Во подолгата објава нагласи дека нема омраза кон транс-личности, но дека „женската категорија мора да остане резервирана за биолошки родени жени“, посочувајќи дека предностите во спортовите на сила не исчезнуваат со транзиција. Таа додаде дека „ниту натпреварувачките, ниту организаторите“ не знаеле ништо за минатото на Букер, што, според неа, го нарушило интегритетот на натпреварот.

Еден од спонзорите на Букер, „Iron Ape“, соопшти дека повеќе нема да биде поврзан со неа, обвинувајќи ја дека ги „довела во заблуда“ организаторите на "Strongman Games", со што стекнала неправедна предност.


Мичел Хупер, "World’s Strongest Man 2023", исто така ја критикуваше ситуацијата, истакнувајќи дека Букер е „7 до 10 сантиметри повисока и околу 35 килограми потешка од најблиската ривалка“, завршувајќи со порака дека „мора да постои граница за заштита на женскиот спорт“.