Поранешен воин на Симеоне за стоперскиот тандем со Годин: Бевме подобри од Рамос и Варан, но и од триото на Јуве!

Дерби

26/11/2025

13:11

379

Големина на фонт

а а а

Диего Симеоне промени доста стоперски тандеми во долгата ера која ја има како тренер на Атлетико Мадрид, но се чини дека најцврст и најстабилен беше оној кој му ја донесе првата титула во Ла Лига.

Жоао Миранда и Диего Годин создадоа импресивно партнерство во одбраната на Атлетико и беа вистински лидери во дефанзивниот тим на Симеоне кој оствари голем успех, па во ситуација кога Бразилецот се навраќа на својата играчка кариера, за издвојување е една изјава која ја даде во интервјуто за „Газета дело спорт“.

Миранда смета дека тандемот кој го сочинувал со Уругваецот Годин бил подобар од оној на Реал Мадрид кој го сочинуваа Рамос и Варан, но и едно скалило погоре од славното „BBC“ трио на Јувентус од дефанзивци како Барѕалји, Бонучи и Кјелини.

– Тандемот кој го сочинував со Годин беше неспоредлив со било кој друг. Ако бидам најискрен, во тоа време немаше никој блиску до нас.

– Дури ниту Рамос и Варан од Реал, или пак „BBC“ триото на Јувентус. Можеби индивидуално имаше подобри од нас, но заедно бевме неверојатно силни. Бевме првите воини на Симеоне и со голема насмевка на лицето се нарекувам така и ден денеска, – вели Миранда.