Надал за ривалството со Ѓоковиќ и Федерер: Се боревме за сè што е најважно, но…

Дерби

25/11/2025

11:49

966

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал заедно со Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер одбележаа една ера во тенисот, златна ера која тешко дека ќе се повтори во блиска иднина.

Тие формираа ривалство за кое ќе се зборува со години и децении, но исте тројца испишаа историја и кариерата ја завршија со 20+ освоени грен слем титули што е навистина неверојатно, импресивно ако се земе предвид и останата конкуренција како Мари, Вавринка, Дел Потро, Бердих, Цонга…

Денеска сè уште е активен само Ѓоковиќ, додека Федерер и Надал одмараат и од друга перспектива можат да ги видат работите.

- Сè минуваше низ фази. Кога си млад, сето тоа го доживуваш многу поинтензивно. Со возраста, сè полека омекнува. Позитивното нешто во врска со нашата ера е што ги завршивме нашите кариери и можеме да излеземе на вечера заедно без никакви проблеми. Затоа сум горд. Се боревме за сè што е најважно во спортот, но никогаш не одевме во крајности. Имавме само ривалство на теренот, а нашите приватни односи секогаш беа односи на почит, восхит, па дури и еден вид пријателство, - вели Рафа кој им е благодарен и на двајцата.

- Дојдовме во тенисот по Пит Сампрас, кој имаше 14 гренд слем титули. Човечки беше да се мисли дека тоа е максимумот. Но, тројцата никогаш не се опуштивме. Барањата секогаш беа максимални. Никогаш не престанавме да бараме уште повеќе од себе. Никогаш не ги отфрливме турнирите. Тоа е величината на нашата ера. Секогаш игравме во финалиња и се боревме за титули. Не верувам дека само еден од нас, без другите двајца, би бил способен да го стори тоа, - порача Надал во разговорот со Хорхе Валдано.