[ВИДЕО] Славната актерка тврди дека ја дрогирале во хотел: Се појавија вознемирувачки снимки

Точка

25/11/2025

12:17

1.888

Големина на фонт

а а а

Актерката Тара Рид (50) тврди дека била дрогирана и оставена во несвест во инцидент што се случил во раните утрински часови во недела.

Ѕвездата од филмот „Американска пита“ била итно однесена во болница, а вознемирувачко видео што го објави ТМЗ покажува како прво ја ставиле во инвалидска количка, а потоа на носилка ја однеле во блиската клиника.

На видеото се гледа како Рид неповрзано им зборува на луѓето што се обидуваат да ѝ помогнат, а во еден момент речиси паѓа од инвалидската количка додека обезбедувањето ја води низ лобито на хотелот. Откако повторно ја седнале, болничарите ја презеле и ја однеле.


Рид раскажала дека инцидентот се случил во хотелски бар во областа на Чикаго, иако точната локација сè уште се утврдува. Нејзиниот портпарол изјавил за Дејли Мејл: „Тара Рид поднесе полициска пријава по инцидент за кој верува дека е резултат на подметнување дрога. Таа целосно соработува со полицијата. Моментално закрепнува и бара приватност во овој трауматичен период. Исто така, ги повикува сите да внимаваат на своите пијалаци и никогаш да не ги оставаат без надзор. Во овој момент нема да дава понатамошни коментари“.

Што се случило таа ноќ?

Рид, според нејзиното кажување, пристигнала во хотелот доцна во саботата и се упатила кон барот на приземјето. Откако нарачала пијалак, излегла надвор да запали цигара. Таа тврди дека пронашла група јутјубери во лобито, од кои еден ѝ се придружил надвор. Кога се вратила во барот, нејзиниот пијалак бил покриен со салфетка – што веднаш ѝ било сомнително бидејќи таа никогаш не го прави тоа. И покрај тоа, ја извадила салфетката и продолжила да пие. „Следното нешто што го паметам е болницата“, рекла таа.


Иако во минатото се борела со зависност, Рид изјавила за ТМЗ дека таа вечер испила само еден пијалак. Лицето кое го снимило видеото тврди дека актерката, пред да пристигне брзата помош, викала: „Не знаете која сум! Јас сум славна! Јас сум актерка!“.

Исповед по инцидентот

Во разговор за „TMZ Live“ во понеделник, Рид подетално го опишала наводниот напад.

„Се пријавив во хотелот, отидов да се напијам еден пијалак и да запалам цигара. Ја оставив чашата на шанкот и излегов само на кратко. Имаше неколку јутјубери кои шетаа низ лобито, снимајќи сè околу нив, атмосферата беше чудна. Кога се вратив, мојот пијалак беше покриен со салфетка. Си помислив: „Ова не е мое“. Испив уште малку… и тоа е последното нешто што го паметам. Следното нешто што го знам – се разбудив во болница осум часа подоцна“.


На прашањето дали во болницата ѝ направиле токсиколошки наоди, таа одговорила: „Не. Само рекоа: „Дрогирана си. Рекоа дека сум била дрогирана претходната вечер во барот“. Потоа додала дека не прашала за каква супстанцијата станувало збор бидејќи сè ѝ било „матно“ и „магливо“.

Актерката планира да поднесе официјална пријава и да ги прегледа снимките од безбедносните камери. „Сè беше морничаво. Единствено ми олесни тоа што бев на јавно место, каде што обезбедувањето можеше да реагира. Ако ова се случеше некаде на друго место… можев да бидам силувана. Можеше да заврши многу полошо“, рекла Рид.

Неодамна раскинала

Со оглед на нејзината историја на борба со зависност, водителот Харви Левин ја прашал дали може да го контролира пиењето. „Апсолутно. Испив само чаша вино. Не пијам жестоки пијалаци. Воопшто не очекував дека нешто вакво би можело да се случи“.

Во 2008 година Рид поминала низ рехабилитациска програма. Една година подоцна, изјавила дека рехабилитацијата „ѝ го спасила животот“.


Инаку последниот инцидент се случил неколку недели откако Дејли Мејл објави дека актерката ја завршила својата шестгодишна врска со музичкиот продуцент Натан Монпетит-Хауар (43). Според блиските извори врската „дошла до својот крај“ и била „лоша за неа“. „Тара не седи дома и плаче. Таа е во одлична фаза. Не сум ја видел толку среќна со години“, рекол изворот.

Нејзината кариера

Рид се прославила кон крајот на 1990-тите со улогата на Вики во култната франшиза „Американска пита“, а гледачите ја паметат и од филмови како „Големиот Лебовски“ и „Шаркнадо“. Се обидела и во ријалити шоуата – во британската емисија „Celebrity Big Brother“ во 2011 година и во шоуто „Special Forces: World’s Toughest Test 2023“.


Со години, таа отворено зборува за неуспешните козметички процедури и за нејзините борби со медиумските шпекулации за нарушувања во исхраната, кои цврсто ги демантирала. „Немам анорексија и никогаш не сум ја имала. Немам булимија. Се ужасувам од повраќање. Ја обожавам храната“, рече таа, додавајќи дека таквите шпекулации се форма на злоупотреба.