[ВИДЕО] Канје Вест со морбидна изјава ги загрижи своите фанови: „Изгледа уморно и тажно“

Точка

24/11/2025

21:05

515

Големина на фонт

а а а

Канје Вест долго време не ја искористи приликата да стане вирален на социјалните мрежи благодарение на некоја своја бизарна постапка или изјава која во најмала рака е чудна.

Контроверзниот рапер сега повторно се најде во центарот на вниманието поради едно кратко интервју кое поради наизглед обична изјава, доби морбиден карактер. Од Вест, кој досега неколкупати ја шокираше јавноста, можеби и не се очекуваше ништо помалку.

Новинарите го пресретнале во Токио на еден настан и побарале краток разговор, каде што меѓу другото бил прашан да ја оцени својата облека од еден до десет. Раперот, кој на видеото изгледа уморно, кратко одговорил:


„Секогаш е 10/10, носам оригинални ‘Yeezy 950’ чизми“, рекол Канје.

Тоа само по себе не било доволно интересно — сè додека раперот не одлучил да го „зачини“ интервјуто со коментар кој веднаш стана вирален и предизвика загриженост.

На прашањето за кој моден тренд најмногу жали што учествувал во него, неговиот одговор ги шокирал сите:

„Живот“, одговорил тој.


По ова, корисниците на социјалните мрежи веднаш коментираа дека Вест изгледа уморно и тажно, а многумина забележаа и дека во последно време речиси воопшто не се појавува во јавноста.

Канје е одамна познат по скандали, а неговиот брак со Бјанка Цензори постојано е тема број еден поради неговиот однос кон неа и нејзиното екстремно разголено облекување, поради кое дури и полицијата мораше да интервенира.