Лебеф за триото на „сините“ кое може да ја уништи Барселона: Така не се игра…

Дерби

25/11/2025

11:26

307

Големина на фонт

а а а

Челси-Барселона е натпреварот кој привлекува најмногу внимание во денешните пресметки во Лигата на шампионите, соочување закажано за 21 часот на „Стемфорд Бриџ“.

Двете екипи имаат идентичен учинок по четири одиграни средби во елитното натпреварување со тоа што Барса има подобра гол разлика и затоа е подобро пласирана на табелата.

Битките меѓу „сините“ и каталонците секогаш носеле возбуда, драма и се очекува слично сценарио и вечерва, а некогашниот француски репрезентативец Франк Лебеф очекува славје на домаќините од 2-1.

- Да бидам позитивен, 2-1 за Челси. Ја гледам Барселона како игра со високата линија и тоа е лудо. Мислам, не го разбирам Ханси Флик и начинот на кој игра. Како дефанзивец, би одбил да играм така, нека ме стават на клупа, не сакам да изгледам како будала.

- Го видов последниот гол што го примија за време на викендот (Барса го доби Атлетико Билбао со 4-0). И велам дека е невозможно да се игра на таа висока линија кога играчите дури и не гледаат. Тие се сами, противникот, тие се сами надвор од теренот и играат високата линија на половина од теренот, тоа е лудо.

- Со Алехандро Гарначо, со Педро Нето, со Жоао Педро, тие се брзи. Како Пари Сен Жермен е, тие ги убиваат. Така не се игра, тоа е невозможно. Функционираше минатата сезона, бидејќи беа ефикасни во нападот и постигнуваа повеќе голови отколку што примаа, но оваа сезона се кревки, па затоа е можно, - порача Лебеф кој е поранешен играч на клубот од Лондон.