Џошуа ќе заработи богатство за борбата против Јутјуберот – бројките се неверојатни

Точка

22/11/2025

11:34

545

Големина на фонт

а а а

Ентони Џошуа ги откри причините поради кои прифатил да влезе во многу коментираниот меч против јутјуберот Џејк Пол, закажан за 19 декември во Мајами.

Иако од овој дуел ќе инкасира околу 80 милиони евра, британскиот тешкаш тврди дека финансискиот аспект не бил пресудниот фактор. Борбата ќе биде професионална, во осум рунди по три минути, а Џошуа за првпат повторно ќе го видиме во рингот откако во септември лани на „Вембли“ беше нокаутиран од Даниел Дубоа во дуел за појасот на „IBF“.

Одлуката да се соочи со Пол предизвика бурни реакции и полемики околу тоа како тоа би можело да влијае на неговиот углед, но Џошуа на конференцијата во Мајами ги појасни своите мотиви.


„Време беше за враќање“

„Тоа беше одлична можност, можност да се борам. Сакав да земам 12 месеци пауза по поразот од Дубоа — го направив тоа и почувствував дека е вистинскиот момент за враќање. И онака планирав борба, би се борел уште овој викенд ако беше по мое. Потоа се појави оваа понуда и си реков: ’Зошто да не?‘“, изјави Џошуа.

„Ги имате Џејк Пол против Ентони Џошуа, а ние сме овде во Мајами. Ги поврзуваме Европа, Африка, Азија, Нигерија … целиот свет кој ќе го гледа овој настан на ’Netflix‘. Ќе биде спектакл. Така и завршивме тука — двајца луѓе што сакаат да понудат одлична претстава“, додаде тој.


Џошуа, 36-годишен поранешен двократен обединет светски шампион, се враќа во рингот против противник кој сè уште ја гради својата кариера. Џејк Пол (12-1, 7 KO) нема сериозно аматерско искуство и од 2020 година има одработено само 70 професионални рунди, најчесто против ММА борци или боксери со среден квалитет.

Сега го очекува неговиот најголем предизвик досега — влез во ринг со Џошуа (28-4, 25 KO), еден од најопасните боксери на денешницата.