Откако стана познат, Норис доби пофалби од Хари Кејн, купи неколку суперавтомобили и влезе во врска со португалскиот модел Маги Корсеиро.
Лидерот на тимот „McLaren“ во Формула 1, Ландо Норис, беше најбрз на вториот тренинг во пресрет на Големата награда на Лас Вегас и се доближи чекор поблиску до тоа да стане првиот британски Ф1 шампион по последните пет години.
Може да ја врати титулата во Велика Британија
Норис, кој три трки пред крајот има 24 бода предност пред својот тимски колега Оскар Пјастри, го постави најдоброто време на вториот тренинг во Лас Вегас. Но, тој не секогаш бил ѕвезда. Како што пишува британскиот таблоид „The Sun“, Норис признал дека како дете бил „малку осамен“. Роден во Бристол, а пораснат во Гластонбери, учел во приватното училиште „Милфилд“, каде школарината надминува 40.000 фунти годишно. Но тој го напуштил училиштето пред матурата за да ја следи својата страст.
Во почетоците Норис сакал да го следи патот на својот детски херој Валентино Роси, но кога татко му го однел да гледа трка од „Super 1 National“ картинг шампионатот, бил маѓепсан од возилата на четири тркала. Првиот картинг го возел на седум години, на патеката „Clay Pigeon Raceway“ во Дорчестер, откако за роденден добил картинг, но морал да се избори со децата кои го задевале поради неговата висина.
По тинејџерските години Норис се преселил во вила во близина на седиштето на „McLaren“ во Вокинг, Сари, а во 2023 година се преселил во Монако – како и многу од неговите колеги возачи. Поседува неколку луксузни суперавтомобили и често е забележан како вози низ улиците на Монте Карло. Бисерот во неговата колекција е ултра реткиот „Lamborghini Miura“, кој се смета за првиот суперавтомобил во историјата – произведени се помалку од 800 примероци меѓу 1966 и 1973 година.
De acordo com diversas fontes, Lando Norris possui uma impressionante coleção de automóveis, entre eles:
— Portal McLaren Racing 🇧🇷 (@McLarenBrasilF1) January 7, 2023
- Rolls-Royce Wraith
- Ferrari F8 Tributo
- Lamborghini Aventador
📸 /krc.auto | hwqpic pic.twitter.com/Jc3sl5BHEV
Тоа била и неговата најскапа набавка – околу 2 милиони фунти. Во неговата колекција се наоѓаат и „McLaren 765LT Spider“ вреден 300.000 фунти и „McLaren Senna“ вреден еден милион фунти. Интересно е што возачот, висок 1,68 метар, често бил предмет на напади поради својата висина на картинг-патеките – но на крајот токму тој „се смее најслатко“. Нискиот раст му помогнал во кариерата, а откако стана познат, Норис доби пофалби од капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн, купи флота суперавтомобили вредни милиони и влезе во врска со португалскиот модел Маги Корсеиро.













