Ламин Јамал за краток период стигна од статус на голем потенцијал до клучен играч за Барселона и кандидат за освојување на „Златната топка“, а неговиот потенцијал јасно навестува дека уште долго ќе биде на врвот на светската фудбалска сцена.
И додека последниот период Јамал беше критикуван за своите „Ел Класико“ изјави и се обидува да го реши проблемот со хроничната повреда на препоните, познат аргентински новинар истакнал дека не се согласува со заклучокот дека младиот Шпанец е најдобар светски фудбалер на својата позиција, па дури и меѓу помладите фудбалери.
Матијас Паласиос бил гостин во емисијата „Ел Чирингито“ и таму потенцирал дека Јамал заостанува зад Естевао, кој сезонава блеска во дресот на Челси.
– Естевао е најдобриот светски левак во конкуренција за играчи до 20 години.
– Без разлика дали јавноста сака да слушне такво нешто, Естевао е пред Јамал во моментов.
– Постигнува повеќе голови, дрибла повеќе, подобро се снаоѓа во противничкиот шеснаесетник. Единствен проблем е што немаме навика да ги гледаме натпреварите на Челси, додека најчесто не ги пропуштаме настапите на Барса и Јамал, – рекол Паласиос.







