Гаши – Сиаојан: Кина е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа

Макфакс

21/11/2025

13:46

128

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан.

Претседателот Гаши беше дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“.

„Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора светска економска сила, е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа. Во Собранието традиционално се формира Пратеничка група за соработка со Кина, која претставува линк меѓу Парламентите на двете држави“, соопштија од Собранието.

Соработката се одвива на сите полиња, како економија, инфраструктура, бизнис, образование, култура, спорт, а во насока на продлабочување на истата во корист на граѓаните, се и заложбите и иницијативите на амбасадорката Сиаојан.

Кинеската амбасадорка пренесе покана до претседателот Гаши за посета на Кина од страна на претседателот на Сенародниот кинески конгрес, што беше прифатено и оценето како огромна придобивка во зајакнувањето на парламентарните односи.