„Елитната игра пристигна: Casino Gold Felicia го менува темпото на Тетово“

Точка

21/11/2025

14:49

366

Големина на фонт

а а а

Gold Felicia го носи својот препознатлив гламур во Тетово – и сето внимание е насочено кон новото, ултра-модерно CASINO GOLD FELICIA.

Брендот Gold Felicia, познат по својот луксузен концепт и четиригодишно успешно работење во Битола, официјално го проширува своето присуство со отворање на нов ултрамодерен казино-комплекс во Тетово. Новиот објект е лоциран само пет километри од градот, на патот кон наплатната рампа Желино.

Свеченото отворање е најавено за 26 ноември 2025 година (среда) во 20:00 часот, со што ќе биде означен почетокот на нова фаза во забавниот и угостителскиот живот на регионот.

Современо казино со премиум содржини

Новиот Casino Gold Felicia Tetovo е уреден како високотехнолошки простор со премиум автомати, LIVE игри и напредни системи за игра. Од компанијата велат дека целта е да се донесе „препознатливата Gold Felicia атмосфера“ која во Битола веќе има изградена репутација за гламур и врвна услуга.


Ресторан со кабаре програма

Во рамките на комплексот ќе работи и ресторан со ексклузивна кабаре програма. Просторот е замислен како место каде гостите ќе може да продолжат со забава по завршувањето на играта, но и како дневна гастрономска дестинација со современо мени и пријатен амбиент.

Отворање и на хотел Gold Felicia Tetovo

Паралелно со казиното и ресторанот, ќе биде пуштен во работа и новиот хотел Gold Felicia Tetovo, позициониран како премиум локација за престој, релаксација и деловни гости. Хотелот се најавува како продолжение на концептот на висок стандард по кој брендот е веќе познат.

Со отворањето на целиот комплекс, Gold Felicia очекува Тетово да стане нова точка на регионалната мапа на ноќниот живот и забавата. Од компанијата порачуваат: Ова е само почеток. Но едно е сигурно - од 26 ноември, Тетово влегува во нова ера на забава.

Комерцијален текст