Иако се наоѓа на самиот север од Европа, иако ноќта понекогаш им трае подолго од денот и иако голем дел од годината го поминуваат на температури под нулата, Финците осма година по ред се прогласени за најсреќен народ на светот.
Зошто е тоа така?
1. Финците поминуваат многу време во природа
Речиси 70 отсто од територијата на земјата е покриена со шуми, па тоа можеби е причината поради која Финците редовно поминуваат време надвор. Опкружени со шума и природа, чувствуваат мир и задоволство, а некои од најпопуларните активности се долгите прошетки и возење велосипед.

2. Богатството на водата
Финска се нарекува „земја на илјада езера“. Тие езера настанале по глацијација која завршила пред околу 10 години. Водата во финските езера е толку чиста и здрава што може да се пие, а речиси секој ресторан ќе ви понуди бесплатна вода во бокал, па дури и доколку не побарате.
3. Пари за децата
Финските родители секој месец добиваат по 100 евра за секое дете, а интересно е што тој детски додаток важи до 17-годишна возраст на детето. Некои тие пари ги трошат, но поголем дел од родителите ги штедат и му ги даваат на детето кога ќе се исели од домот. Значи, не е тешко да се сфати зошто поголем дел од младите Финци започнуваат самостоен живот со 20-на илјади евра на штедна книшка.
4. Кралеви на рециклирањето
Финците одамна сфатиле дека рециклирањето е неопходно, повеќе од 90 отсто од отпадот таму се рециклира. Девет од десет пластични шишиња можат повторно да се употребат, а процентот кај стаклените шишиња е уште поголем.
5. Доверба во полицијата
Граѓаните на Финска исклучително ѝ веруваат на полицијата – довербата е над 90 отсто, а слично е и со другите институции. Кај Финците едноставно не постои проблем со недоверба во системот.

6. Необични спортови
Тешко е да ги наречете вистински спортови, но не е лесно да ги сместите ниту во друга категорија. Фрлањето мобилен телефон во далечина, носење жени, лов на комарци, свирење „воздушни гитари“, сето тоа е необично, но омилено меѓу финската традиција.
7. Право на интернет
Пред 10-на години Финска станала првата земја во светот која правото на интернет го прогласила за основно човеково право. Владата донела закон дека брзината мора да биде поголема и дека интернетот мора да им биде достапен на сите.
8. Луди по кафе
Според податоците на Меѓународната организација за кафе, Финците се втори во светот по количина испиено кафе по жител.

9. Бесплатно образование
Од мали нозе децата се насочуваат на учење јазици, па поголем дел од Финците течно говорат англиски јазик. Образованието е целосно бесплатно и во училиштата и во Универзитетите, а финскиот образовен систем се смета за еден од најдобрите во светот.
10. Селото на Дедо Мраз
Малото село во Лапонија со име Јоулупуки може да се посети во текот на целата година. Финскиот Дедо Мраз има и пасош. Очигледно во Финска веруваат во бајки – можеби затоа нивниот живот е толку бајковит.















