[ВИДЕО] Ваква невеста немате видено: До олтарот се прошетала во костим на диносаурус

Точка

20/11/2025

16:00

330

Големина на фонт

а а а

Додека многу невести сонуваат за својата свадба и венчаницата што ќе ја носат, Лорен од Велика Британија се појавила во издание какво што никој не очекувал.

Имено, фотографката Никол Вилкокс од Северен Јоркшир, Англија, објавила видео на ТикТок од свадба на која работела, а истото ја „освои“ оваа социјална мрежа.

Таа споделила видео од невеста која носела костим на диносаурус наместо бела венчаница.

Лорен чекорела со звуците на тематската песна од филмот „Паркот Јура“. Таа се појавила држејќи ја цврсто раката на нејзиниот татко, додека гостите почнале да се смеат кога ја здогледале.

На младоженецот исто така му било смешно изненадувањето и се смеел додека невестата му се приближувала.


„Гледна точка: Невестата сакаше да ги изненади гостите и сопругот чекорејќи до олтарот во костим на диносаурус. Кога Лорен првпат го спомна тоа, ми рече: „Размислувам да ги изненадам сите одејќи до олтарот во надувувачки костим на диносаурус. Мислам дека ќе биде урнебесно – те молам кажи ми дали ова е лоша идеја“, се присетила Никол.

Потоа рече дека веднаш одговорила дека треба да го направи тоа и се присетила колку сите се смееле на свадбата.

Меѓутоа според фотографиите што Никол исто така ги споделила може да се забележи дека Лорен сепак на крајот облекла и бела венчаница.