[ВИДЕО] Човек од Загреб станал таксист, па открил колку заработил: За три часа возење добил пари за кои некој работи три дена

Точка

20/11/2025

08:45

752

Големина на фонт

а а а

Еден маж, како што вели самиот, решил да спроведе едноставен експериментален предизвик за да провери колку се исплати да работите таксист во Загреб, особено низ платформите „Bolt“ и „Uber“.

„Прво ставив гориво. Засега е сѐ во ред, добро е, забавно“, вели мажот на почеток од видеото.

Тој истакнува дека најмногу му се допаѓа флексибилноста на работата. Возачите на „Uber“ и „Bolt“ навистина можат да бираат сами кога и колку ќе работат, па така може да возат само два часа или цел ден.

Сепак, како и секоја работа и оваа носи ризици и непредвидени ситуации.

„Штотуку ми излета срна на патот, одвај ја избегнав, за милиметар. Има многу диви свињи, внимавајте“, предупредил мажот.

Потоа открил колку заработил во текот на првиот ден, работејќи три часа и десет минути.

„Денеска за три часа заработив 53 евра и 60 центи, а за гориво потрошив шест евра и 70 центи“, вели тој.

Со оглед на тоа што многумина за полно работно време заработуваат половина помалку, ваквата работа на прв поглед делува како добра можност да се зголеми домашниот буџет.

Сепак, некои корисници кои исто така пробале да ја работат оваа работа предупредиле на скриените трошоци.

„Го заборави најважниот фактор. Амортизацијата ќе ти „изеде“ половина од приходите, а оној којшто има стар автомобил, ќе потроши уште повеќе. Возилото најмногу се уништува на кратки градски релации. За оваа работа најдобар е „Dacia“ автомобил со евтино одржување“, напишал некој корисник.

„Одлична заработка, но само на хартија и бруто. Оној којшто ќе пресмета сѐ, сфаќа дека ова е нула од работа“, додал некој друг човек во коментар.

Додека еден корисник навел дека работата е неисплатлива, друг споделил позитивно искуство и свои бројки.

„Што зборуваш ти? Јас возам за „Uber“, секој ден за четири часа заработувам околу 100 евра, а во сезона 150 и 200 евра за истото време. И ти велиш дека не се исплаќа...“.