[ВИДЕО] Емотивната реакција на вдомено куче на враќањето на неговиот сопственик дома го топи срцето

Точка

19/11/2025

21:39

554

Големина на фонт

а а а

Емотивната снимка од вдомено куче кое неизмерно се радува на доаѓањето на својот сопственик, кој не го видел само еден ден, стана вирален хит.

Преслаткиот момент на чиста радост ги растопи срцата на корисниците на социјалните мрежи и послужи како совршен потсетник на безусловната љубов што ни ја даваат милениците, пишува порталот „DogTime“.


Видеото, објавено на Инстаграм профилот „@cactustherescue“, кој го следат повеќе од 543 илјади луѓе, го прикажува сопственикот како влегува во куќата и весело го повикува својот миленик, кучето Кактус. Кактус веднаш влетува во кадарот, мавтајќи со опашката и скокајќи од радост.

Инстаграм профилот е посветен токму на Кактус – вдомено куче кое било пронајдено во калифорниската пустина, а сега живее во Мајами. Во описот на објавата сопствениците додале: „Ова секогаш е најдобро чувство! Обожавам кога ќе се појави малата насмевка на Кактус!“.

Емотивната снимка предизвика лавина од коментари на воодушевени следбеници. „Нема ништо како љубовта на едно куче! Ова е толку драгоцено!“, напишал еден корисник. Друг додал: „Насмевката и тапкањето со шепичките. Најдобриот поздрав некогаш“.