[ВИДЕО] Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Макфакс

20/11/2025

07:28

2.463

Големина на фонт

а а а

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми.

Видео што кружи на интернет ги прикажува израелските војници во мензата на базата како насилно се удираат и фрлаат столови едни кон други.

Според „Ерусалем пост“, инцидентот се случил во неделата. Започнал како вербална расправија, а потоа ескалирал во физичка пресметка.

Израелската војска го осуди инцидентот и отвори истрага, објави весникот. Не се дадени дополнителни детали за причината за тепачката.

Извештајот на белгиската фондација Хинд Раџаб откри дека бригадата Гивати била поврзана со систематски злоупотреби на цивили во Појасот Газа, вклучувајќи тортура, грабежи и уништување на станбени области.