Креаторката на „Телетабиси“ ги предупредува родителите за „празни“ Јутјуб програми за деца

Кармин

17/11/2025

10:47

298

Големина на фонт

а а а

Ен Вуд, долгогодишна продуцентка на детска телевизија, изјавила дека квалитетната содржина е потисната од алгоритамските платформи кои, за разлика од јавните емитери, не даваат приоритет на образовните програми за деца, пренесе „Гардијан“.

Многу Јутјуб програми за деца се „празни“ и „не прават ништо за да го поттикнат имагинативниот живот кај децата“, ги предупреди родителите креатороката на „Телетабиси“. Таа истакнала дека детската телевизија е потценета и дека се губи „голема количина содржина“ создадена од професионалци.


Таа рекла дека структурата на Јутјуб и „бесконечното скролање“ ја фаворизираат комерцијалната содржина на сметка на уметнички дизајнираните емисии.


Како пример, таа ги навела најпопуларните програми како каналот „CoCoMelon“, оценувајќи ги како „одвлекување на вниманието“ што можат да бидат корисни во мали дози, но со прашање што поради тоа пропуштаат децата.

Вуд потсетила дека серијата „Телетабиси“, иако критикувана по нејзиното емитување во 1997 година, подоцна добила академска потврда дека повторувањето, ритамот и едноставноста помагаат во говорно-јазички развој кај децата.

Од друга страна Кони Хак, водителка на детски емисии, се согласила дека детскиот медиумски простор значително се променил, оценувајќи дека алгоритмите ги водат децата кон содржини што обезбедуваат „моментално задоволство“, додека едукативните материјали бараат повеќе труд.


Директорката на Центарот за дигитална иднина на децата, Соња Ливингстон, изјавила дека децата имаат корист од висококвалитетна, креативна содржина, но дека родителите честопати не знаат како да ја препознаат.

Таа истакнала дека главниот проблем на Јутјуб е форматот што е управуван од комерцијален алгоритам кој успева да го задржи вниманието на децата подолго отколку што тоа природно би траело.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk