Аморим пронајде еден неконвенционален играч во својот тим: Тој влегува во глава на противниците

Дерби

07/11/2025

11:29

207

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим долго се мачеше да создаде игра во Манчестер Јунајтед и да дојде до фаза кога играчите ја разбираат неговата филозофија, но мора да се признае дека од огромна помош му беше летниот преоден рок во кој доби и играчи по своја мерка.

Португалскиот стручњак инсистираше на три засилувања во нападот и доби тројца нови играчи во офанзивниот дел, а додека Бенјамин Шешко се мачи со адаптацијата, Брајан Мбеумо и Матеус Куња веќе се доста омилени на „Олд Трафорд“.

Во најновото интервју, Аморим не штедеше комплименти за двете големи летни засилувања, со тоа што Куња го посочи како фудбалер кој е оригинален и кој поседува квалитети кои внесуваат нервоза и кај противниците.

– Куња е неконвенционален тип на играч кој прави работи кои не се вообичаени. Тешко е да најдете такви квалитети кај еден фудбалер. Кога тој ја има топката во своите нозе, со себе носи аура која влијае и врз главите на противниците. Тој влегува во главите на противниците и тоа знае да биде многу важно.

– Од друга страна, Брајан е многу директен и продуктивен фудбалер. Тој е тип на фудбалер каков што ни недостасуваше минатата сезона. Тоа најдобро се виде при четвртиот гол кој го постигнавме против Брајтон. Тој има чувство кога треба да тргне кон дефанзивецот и има нос да почувствува опасност. Малите работи прават огромна разлика во фудбалот, а тоа ве прави далеку поопасен тим, – потенцира Португалецот.